Раперот Juice WRLD почина на 21-годишна возраст

Американскиот рапер Juice WRLD, чие вистинско име е Џаред Хигинс, почина на 21-годишна возраст, пренесе интернет таблоидот TMZ повикувајќи се на неколку извори во полицијата.

Според извештајот, пејачот имал здравствен напад на меѓународниот аеродром во Чикаго, каде што допатувал во неделата утрото од Калифорнија. Кога докторите дошле на местото на настанот, тој сѐ уште бил свесен крварејќи од устата.

Раперот веднаш бил пренесен во болница, каде што починал. Причината за неговата смртт засега е непозната.

Раперот Juice WRLD е најпознат по негвоите синглови „All Girls Are the Same“ и „Lucid Dreams“. Во мај годинава тој беше прогласен за „Најдобар нов артист“ на церемонијата на врачувањето на наградите Billboard Music Awards, кои секоја година ги доделува реномираното музичко списание Billboard.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.