Раперот Кање Вест објави дека ќе се кандидира за претседател на САД

23

Познатиот американски рапер Кање Вест го избра Денот на независноста да објави дека ќе се кандидира за претседател на САД, но не е јасно дали има поднесено било какви официјални документи за неговото име во ноември да се најде на гласачките листи.

Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Господ, обединувајќи ги нашите визии и градејќи ја нашата иднина. Се кандидирам за претседател на Соединетите Држави“, напиша на Твитер Вест со емоџи на американското знаме и хаштагот #2020VISION.

Во голем број држави, сè уште не е истечен рокот за додавање на независни претседателски кандидати на гласачкото ливче.

Вест и неговата подеднакво позната сопруга Ким Кардашијан го посетија Трамп во Белата куќа.

На состанокот на претседателот и раперот во октомври 2018 година, Вест одржа чуден говор за паралелни универзуми и за своето биполарно растројство за кое всушност тврди дека е всушност недостаток на сон.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина од реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Илон Маск, извршен директор на Тесла и славна личност позната по своите ексцентрични испади, ја поддржа неговата објава на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.