Раперот Канје Вест официјално е милијардер

Раперот Канје Вест, официјално стана милијардер, објави списанието „Форбс“, благодарение на патиките што го носат неговото име.

https://www.instagram.com/p/B9HDCWQhBlO/?utm_source=ig_web_copy_link

Богатството го стекнал со продажба на патиките кои се дел од модната линија што е создадена заедно со компанијата Адидас.

Богатството на сoпругот на Ким Кардашијан се проценува на оклу 1,3 милијарди долари, објави „Форбс“ и додава дека музичарот сега е на нивната официјална листа на милијардери.

https://www.instagram.com/p/B_AnD3uAFlM/?utm_source=ig_web_copy_link

Минатата година, на листата на „Форбс“ се најде Џеј Зи, а сега и Канје, како втор американски рапер, што успеал да се најде на споменатиот список на милијардери.