Рашковски демантира дека барал да му се врати пасошот

Интегрален текст од демант на Драги Рашковски:

Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек.

Медиумите секогаш биле добро примани од моја страна како соговорници, затоа би било професионално при било каква објава поврзана со мене да побараат и потврда за планираната објава од моја страна.

Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судска тек е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика, Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи кои се од јавен интерес.

Но не дозволувајте да сте катализатор на туѓите лажни вести.

Интегрален текст од демантот на Драги Рашковски.