Рашковски е ослободен откако се слушнаа информации дека е спремен да „пропее“ за криминалите на Заеви, смета Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговорајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката за ослободувањето на поранешниот генераелн секретар на Владата, Драги Рашковски, од затворски и носењето во куќен притвор, посочи дека ваквата одлука е потврда дека институциите се заробени и дека врз нив се врши притисок од страна на Зоран Заев.

„Тоа е потврда за заробеноста на институциите и тоа е потврда на притисокот врз институциите. Имено, откако во јавноста се слушнаа информации дека Драги Рашковски е спремен да ‘пропее’ за криминалите на Зоран и Вице Заеви, а имајќи предвид дека ги знае сите нив затоа што им е човек од доверба и еден од најблиските соработници“, рече Николоски.

Оцени дека премиерот Зоран Заев извршил притисок врз обвинителството откако во неделникот Фокус, без преседан коментираше истрага која е во тек и јасно порача дека не се согласува со одлуката на обвинителството и мисли дека Драги Рашковски е невин.

„Самото посеби тоа претставува сканда,  затоа што премиерот како носител на извршната власт не смее да се меша во законодавната и судската власт, во случајов се меша во судската власт. Како резултат на тој притисок, само неколку дена подоцна  Драги Рашковски беше ослободен, што само говори дека Зоран Заев целосно го има заробено судството и обвинителството и дека во Македонија нема независно судство и обвинителство, туку има притиснато судство и обвинителство кои што еден ден ќе сведочат за притисоците коишто им ги правел Зоран Заев, а тој ќе одговара“, нагласи Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.