Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски преку објавено писмо на својот Фејсбук профил кое го доставил до премиерот Зоран Заев, информира дека се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на Република Македонија.

-Кога политиката, политиканството ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 2 сребрени метали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од одредена јавност. Останува времето да покаже која е вистинската причина за тоа, пишува тој во писмото.