Рашковски станува советник на Заев, на Зеќири сè уште му бараат место

Досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски ќе остане на „Илинденска“ како советник на премиерот Зоран Заев, дознава „Фокус“ од извори во СДСМ.

Според неофицијални информации, пак, една од опциите за негов наследник е потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, кој претходно го споменуваа како следен директор на Фондот за здравствено и инвалидско осигурување.

Како што велат изворите на „Фокус“, во изминатиов период неколку луѓе однадвор се пожалиле кај партиското раководство за одредени постапки и дејства на Зеќири, но според висок партиски функционер причината поради која не станал директор на ФЗОМ била несоодветното образование.

Другата опција за прв администартивец на „Илинденска“ е млад правник непознат за пошироката јавност, велат изворите на „Фокус“ според кои во таква ситуација, Зеќири, кој е поранешен новинар и уредник, се споменува како нов генерален директор на МРТВ.