Раскол во Алтернатива – Гаши за 10 дена да иницира разрешување на министерот Беким Сали

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, да иницира разрешување на министерот за здравство, Беким Сали, поради неизвршување на партиската програма, односно вработување Албанци во здравството, побара на прес-конференција чаирскиот огранок на Алтернатива.

На Гаши му даваат 10 дена рок да го разреши Сали, бидејќи претседателот, иако знаел за незадоволството во огранокот од министерот, досега ништо не презел. Од огранокот не открија како ќе постапат, доколку Гаши не побара разрешување на Сали.

– Неколку месеци не добивме одговор од претседателот Гаши иако сме загрижени за нереализираните партиски цели од министерот за здравство. Бидејќи министерот е предложен од нашиот огранок, нормално е реакцијата да дојде од нас. Со голема огорченост известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива се погазени од министерот Сали. Реагираме за неспособноста и нереализацијата на министерот во реализацијата на нашите политики. Сали ги погази сите точки на нашата партија. Местата кои ни следуваа според политичкиот договор од пред една година на Универзитетските клиники и претседател на управниот одбор во Фондот за здравство не се реализирани. Неунапредување на албански кадри, ниту еден шеф на одделение, ниту една главна сестра. Реагираме за неспособноста и неефикасноста на министерот. Апелираме до претседателот на партијата во рок од 10 дена да иницира разрешување на министерот, велат од чаирскиот огранок на Алтернатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.