На вчершната седница на Советот на општина Гази Баба се разгледуваше одлуката за издавање на општинска обврзница за реализација на капитални проекти во општината.
Во текот на целиот ден, дел од советничката група на СДСМ по насоки добиени од партијата се обидуваа на различни начини да ја блокираат работата на Советот со цел да се спречи донесувањето на одлуката и да се спречи брзиот развој на општината.
И покрај сите блокади во моментот на гласањето се утврди раскол во Советничката група на СДСМ во Советот на општина Гази Бба.
Имено, една од советничките во Советот не постапи согласно насоките од партијата и гласаше за донесување на одлуката за издавање на општинска обврзница.