Расмусен: НАТО ќе се заштити себе си и сојузниците

НАТО е вознемирен од натрупувањето на руски војници на границата со Украина и подготвува планови за да ги заштити своите сојузници, изјави генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Андерс Фог Расмусен, пренесе „УНН“.

„Ние сме многу загрижени од растечкото воено присуство на границата со Украина. Сите сојузници на НАТО треба да бидат сигурни во нашата подготвеност да обезбедиме ефикасна заштита. Плановите за заштита на нашите сојузници се подготвени“, изјавил Расмусен.

Генералниот секретар додал дека Алијансата разговарала со Киев за помош за Украина, која не е членка на НАТО.