Распишан оглас за членови на Антокорупциска, за Анкетната за референдумот немаше кворум

Во рамките на 60-та седница на Собранието во четврокот, меѓу другото, бешее усвоена одлуката за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесен од пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, но за

Опозицикскиот пратеник Димовски во образложението на својата иницијатива рече дека популарно наречената Антикорупциска ккомисија подолго време е без членови и дека имајќи предвид дека се можни предвремени парламентарни избори, би било добро да бидат избрани нови членови.

„Укинати се сите тела за контрола на јавните набавки“, укажа Димовски.

Неговите колеги од владејачкото мнозинство го поддржаа предлогот на опозициската партија, но истакнаа дека доколку нема избори и до Собранието дојде новиот законски предлог, кој беше најавуван, тие повеќе нема да го поддржуваат. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека овој предлог на Димовски е врз основа на постоечкиот закон.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реплицираше дека доколку се случи да има подобар и потранспарентен закон, и опозицијата ќе го поддржи.

Собранискиот спикер Талат Џафери по кусата расправа за Предлог-одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за основање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумско изјаснување на 30-ти септември, ја прекина 60-та седница и продолжението го закажа за пред 19 часот. Гласањето не беше полноважно поради немање кворум.

„Поразувачки е дека нема политичка волја да се извади оваа работа на чистина, што владејачкото мнозинство преминува преку тоа кутиите да се наполнат во Македонија на 30-ти септември 2018 година со 50.000 ливчиња“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, нарекувајќи го референдумскиот процес неверодостоен.

Пратениците од владејачките партии реагираа дека овие тврдења треба да ги докаже јавното обвинителство.

Претходно, во рамки на седницата беа донесени одлуки за распишување огласи за повеќе тела и комисии, а за вицегувернери на Народната банка на Македонија беа избрани Емилија Нацевска и Ана Митревска.