Распишани парламентарните избори во Унгарија

Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми април, објави во четвртокот унгарскиот претседател Јанош Адер, а кампањата за избор на 199-те места во парламентот ќе започне на 19-ти февруари.

Според сите испитувања на јавното мнение во Унгарија, партијата Фидеш на премиерот Виктор Орбан со месеци наназад има убедливо водство пред опозицискиот ултрадесничарскиот националистички Јобик, додека социјалдемократите MZSP се на третото место

Околу 7,9 милиони унгарски избирачи ќе гласаат за новиот состав на парламентот на 8-ми април, пренесува унгарската службена новинска агенција MTI. Се додава дека кандидатите мора да соберат 500 потписи до 5-ти март, за да се натреваруваат во една од 106-те изборни единици.

Премиерот Виктор Орбан на власт е од 2010 година и ужива голема популарност во Унгарија, но неговите противници го обвинуваат дека клони кон авторитаризам и оти неговата влада тежнее да воспостави контрола врз главните институции и медиуми во земјата.

Особено последните години западните партнери го критикуваат Орбан за добрите односи со рускиот претседател Владимир Путин, и за развиената економска соработка со оваа земја, и за тоа што во Европската унија заедно со челниците на Полска, Чешка и Словачка, се противи на прифаќањето мигранти и бегалци, особено на бегалците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.