Расплетот по групи во Лигата на нациите

Откако во вторникот вечерта беа одиграни и последните натпревари по групи во Лигата на нациите, познати се сите учесници на финалниот турнир на четирите најдобро пласирани селекции, но и репрезентациите кои се селат во повисок ранг, како и оние кои испаднаа во понизок.

На завршниот турнир на Лигата на нациите на УЕФА кој ќе се одржи од 14-ти до 18-ти јуни идната година ќе настапат Италија, Шпанија, Холандија и Хрватска. Со тоа во третото издание на ова натпреварување ќе биде добиен и третиот победник, бидејќи во првото славеше Португалија, а во второто Франција.

Од елитната дивизија на Лигата на нациите испаднаа Англија, Австрија, Велс и Чешка. Наместо нив во Лигата А се пробија Босна и Херцеговина, Израел, Србија и Шкотска.

Од втората квалитативна дивизија испаднаа Романија, Шведска, Ерменија и Русија којашто е суспендирана. Шведска во минатото издание на Лигата на шампионите испаднаа од елитната класа, а сега со падот продолжија во Лигата Ц.

Во Лигата Ц првите места во групите, а со тоа и пласман во повисок ранг изборија Турција, Грција, Казахстан и Грузија од групата во која се натпреваруваше и Македонија.

Последнопласираните селекции во оваа класа се Литванија, Белорусија, Гибралтар и Кипар кои ќе играат плејоф за опстанок.

Двојките се Гибралтар – Кипар и Литванија – Белорусија. Победниците ќе останат во Лигата Ц, а поразените се селат во Лигата Д од која ранг погоре одат Латвија и Естонија.

Лига на нациите резултати 27.09.2022

ЛИГА А:
Група 2
Португалија – Шпанија 0:1 (Мората 88)
Швајцарија – Чешка 2:1 (Фрилер 29, Емболо 30 / Шик 45)

ТАБЕЛА:
1. Шпанија 6 3 2 1 8:5 11
2. Португалија 6 3 1 2 11:3 10
3. Швајцарија 6 3 0 3 6:9 9
4. Чешка 6 1 1 4 5:13 4

ЛИГА Б:
Група 1
Ирска – Ерменија 3:2 (Еган 18, Обафеми 52, Брејди 90-11 м/ Дашјан 71, Спертјан 73)
Украина – Шкотска 0:0

ТАБЕЛА:
1. Шкотска 6 4 1 1 11:5 13
2. Украина 6 3 2 1 10:4 11
3. Ирска 6 2 1 3 8:7 7
4. Ерменија 6 1 0 5 4:17 3

Група 2
Албанија – Исланд 1:1 (Ленјани 35/ Андерсон 90+7)

ТАБЕЛА:
1. Израел 4 2 2 0 8:6 8
2. Исланд 4 0 4 0 6:6 4
3. Албанија 4 0 2 2 5:6 2
4. Русија 0 0 0 0 0:0 0

Група 4
Норвешка – Србија 0:2 (Влаховиќ 42, Митровиќ 54)
Шведска – Словенија 1:1 (Форсберг 42/ Шешко 28)

ТАБЕЛА:
1. Србија 6 4 1 1 13:5 13
2. Норвешка 6 3 1 2 7:7 10
3. Словенија 6 1 3 2 6:10 6
4. Шведска 6 1 1 4 7:11 4

ЛИГА Ц:
Група 2
Грција – Северна Ирска 3:1 (Пелкс 14, Масурас 57, Мантолас 80/ Левери 18)
Косово – Кипар 5:1 (Муслија 22, Рудани 45, Рашани 47, Муриќи 52, 84/ Роберже 81)

ТАБЕЛА:
1. Грција 6 5 0 1 10:2 15
2. Косово 6 3 0 3 11:8 9
3. Северна Ирска 6 1 2 3 7:10 5
4. Кипар 6 1 2 3 4:12 5