Расположени голгетери во Италија, гостински победи на Рома и Аталанта

18
1 March 2020 ANSA/FABIO MURRU

Фудбалерите на Рома и Аталанта во рамките на 26-то коло од италијанското првенство остваруја важни гостински победи кај Калјари односно Лече.

Во Калјари се одигра возбудлив натпревар во кој римската „Волчица“ на крајот славеше со 4:3. Домашните дојдоа први во водство во 29 минута со голот на Жоао Педро, но веќе по две минути Никола Калиниќ израмни а во 43 минута со својот втор погодок за Рома, хрватскиот интернационалец направи целосен пресврт. Римјаните отидоа на два гола позитива во 65 година, а стрелец бепе Џастин Клајверт. Шансите на Калјари да избегне пораз ги врати Гастон Переиро во 76 минута, но Александар Коларов повторно го удвои водството на гостите во 82 минута. Педро со својот втор гол на мечот во 90 минута, повторно фрли искра надеж кај домашните навивачи.

Петтата Рома сега има 45 бодови, три помалку со меч повеќе од четвртата Аталанта која претходно во неделата со 7:1 како гостин го совлада Лече, додека Калјари е 11-ти со 32 бода.

Голеадата во Лече со головите на Рикардо Сапонара во 30 и Џулио Донати во 41 минута успеаја првиот дел да го завршат со реми 2:2, а за гостите во овој дел стрелци во 19 минута беше Џулио Донати кој си постигна автогол, а во 23 минута погоди Дуван Запата. Во вториот дел гостите постигнаа дури пет голови, и тоа во 48 минута преку Јосип Иличич, а потоа Запата постигна уште два погодока во 63 и 88 минута, а мечот го заокружи погодокот на Руслан Малиновски во првата минута од судиското продолжение.

Едно од најпријатните изнанадувања оваа сезона во Лигата на шампионите, Аталанта со 48 бодови е четврта и ја држи последната позиција од која во Серија А се оди во најелитното континентално натпреварување. Лече е 16-ти со 25 бодови, три повеќе од 18-та Џенова од место кое води во плеј-фот за опстанок.

Водечкиот Лацио има 62 бода, два повеќе со меч повеќе од вториот Јувентис, а осум повеќе со два меча повеќе од третиот Интер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.