Расположени стрелците во Премиер лигата, „седумка“ на Челзи

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити се искачи моментално на второто место откако во последниот саботен натпревар во рамките на деветтото првенствено коло, зад Челзи кој се зацврсти на првата позиција.

Манчестер Сити како гостин со 4:1 го совлада најпријатното изненадувње на досегашниот дел на Премиер лигата Брајтон анд Хоув Албион.

Сити поведе во 13 минута по скандалозната процена на арбитрите кои не свиреа прекршок на Габриел Жезус врз домашниот голман Санчез во петеецот. Санчес поради примениот удар ја ипсушти токпката која Илкај Гундоган ја спроведе во мрежата. Следеше проверка на ВАР-от а главниот арбитар Фринд на општо изненадување покажа на центарот. Сити победата ја потврди со двата погодака на Фил Фоден од контранапади во 29 и 31 минута, а во петтата минута од судиското продолжение погоди и Ријад Марез. Гостите намалија во 81 минута од пеналот кој го реализираше Алексис Мек Алистер.

Второпласираниот Манчестер Сити има 20 бодови, два помалку од водечкиот Челзи кој дури со 7:0 го декласираше последнопласираниот Норич кој има само два бода, а Сити има два бода повеќе од третиот Ливерпул кој има меч помалку.

За Челзи стрелци беа Мејсон Маунт во 8, во 85 од пенал и во 90, Калум Хадсон-Одои во 18, Рис Џејмс во 42, Бен Чилвел во 57 а авгогол постигна Макс Аронс во 62 минута. Норич Сити, од 65 минута играше без исклучениот Бен Гибсон.

Фудбалерите на Вотфорд изненадувачки како гости на „Гудисон Парк“ го совладаа Евертон со високите 5:2. Домашните сѐ до 78 минута водеа со 2:1, со головите на Том Дејвис во 3 и Ричарлисон во 63 минута, откако во меѓувреме израмни во 13 минута Џошуа Кинг, а потоа израмни Јурај Куцка во 78-та, а Кинг оствари хет-трик со погодоците во 80 и 86 минута за пресврт а во првата минута од судиското продолжение погоди и Емануеле Бонавентуре.

Вотфорд сега се искачи на 14-то место со 10 бодови, додека Евертон остана моментално на осмото место со 14 бодови.

Кристал Палас и Њукасл Јунајед одиграа без победник 1:1. Домашните поведоа во 56 минута преку Кристијан Бентеке а гостите израмнија веќе во 65 минута со голот на Калум Вилсон.

Кристал Палас е 15-ти со девет бодови, додека Њукасл Јунајтед е претпоследен 19-ти со само четири бодови.

Лидс Јунајтед на свој терен спаси бод дури во четврата минута од судиското продолжение на натпреварот од пеналот кој го реализирашен Родриго, откако Вулверхемптон поведе уште во 10 минута со голот на Хванг Хе-чан.

Вулверхемптон моментално е 10-ти со 13 боедови, додека Лидс Јунајтед е 17-ти со седум бодови, само три повеќе од зоната на испаѓање.

Без победник заврши и дуелот меѓу Саутемптон и Барнли во кој и двете екипи по еднаш беа во водство. Гостите поведоа со погодокот на Максвел Корнет во 13 минута, а израмни Тино Ливраменто. Домашните направија резултатски пресврт во 50 минута преку Армандо Броха, но Корнет со својот втор погодок во 57 минута го донесе крајниот резултат.

Саутемптон е 16-ти со осум бодови, а Барнли е 18-ти со четири бодови, три помалку од зоната на спас, а само два бода повеќе од самото дно.

Во недела се играат дуелите Вест Хем – Тотенхем, Брентфорд – Лестер Сити и големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.