Расправата за уставните промени продолжува утре

Пленарната собраниска седница за уставните промени ќе продолжи утре во 11 часот.

Денешната дискусија за предлогот за пристапување кон измени на Уставот според Договорот од Преспа заврши без поголеми поместувања во определбите на пратениците за уставните промени во склад со Договорот од Преспа за промена на уставното име.

За пратениците од власта нема дилеми дека треба да се усвојат уставните промени и договорот од Преспа за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. За опозицијата овој договор за промена на името е капитулација.

Седницата продолжува утре во 11 часот.