Расправија на соселани во гостиварско заврши со прободување

Едно лице прободено во расправија меѓу двајца жители на гостиварскот село Чегране, соопшти во петокот Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера 10.40 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од селото Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село, информираат од МВР.

Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош.

Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.