Распределени 43,9 милиони денари за поддршка на печатени медиуми

Владата усвои информација за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година, информираат од владината прес служба.

– На повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнаа вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполнија 12 медиуми на кои им распределени 43,9 милиони денари од предвидените 50 колку што беа предвидени и во Буџетот за 2018 година”, се вели во соопштението на Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.