Распределени се 1.349 рамковно вработени во 237 институции, ако одбијат, одат на трансфер листа во МИОА

1.349 рамковно вработени ќе бидат распределени во 237 институции, информира на прес конференција првиот вицепремиер Артан Груби. Тој рече дека доколку административците го одбијат работното место тие ќе бидат ставени на трнсфер листата на Министерството за информатичко општество и администрација и дека ако таму повторно одбијат работа им се укинува работниот договор.

– Владата го одобри планот за трансфер на административните службеници. 1349 службеници, пред се економсти, павници, но и со средно образование ќе бидат сместени во 237 институци, органи на државната и локалната самоуправа. Освен Албанци, меѓу административците има и Македонци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци. Трансферот се врши преку систематизација на работникот, на работното место на исто ниво соодветно на работното место за кое работникот ги исполнува условите утврдени со планот за ситематизација. Според планот за распределба, институциите ја одобруваат одлуката за ситематизација, а раководителите треба за 30 дена да почнат постапка за усогласување на актите. Министерството за финансии даде целосна согласност за планот, а МИОА е должно да даде согласност во рок од 7 дена. Органите на државната администрација се должни да им овозможат стручна обука на рамковните – изјави Груби.

Меѓу институциите каде ќе бидат трансферирани рамковно вработените се Агенција за вработување 20, Агенција за храна 10 Влада 12, Државен архив 12, Државен завод за статистика 15, Државно правобранителство 74, МВР 143, Пазарен инспекторат 35, МНР 26 и тн.

Груби информира дека веќе се доделени откази на рамковно вработените кои се во странство и дека станува збор за прочистена листа. Првиот вицепремиер се надева дека постапката за распределба на административците ќе заврши до крајот на јануари.

Рамковно вработените повеќе од 10 години не одеа на работа, а земаа плата.