Раст на БДП од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018 година

23

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2018 година пораснал за 3.7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 19.6 отсто; уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14.0 проценти; трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје лани, номинално забележа раст од 6.3, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.4 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23.0, а увозот на стоки и на услуги за 21.5 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.