Раст на буџетските приходи првпат од почетокот на кризата

Прв раст на приходите во Буџетот по стартот на кризата. Министерството за финансии сооопшти дека во јули приходите бележат раст од 1,4 отсто, споредено со лани што се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци.

Ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика, по отворањето на економијата во јуни имаше подобра наплата на даноците споредено со април и мај, констатира Министертсвтото.

Вкупната наплата на прихпди во јули изнесува 291 милион евра, а од даноци се собрани близу 166 милиони евра, прв пат од старот на кризата ДДВ бележи раст во однос на лани за 1,2%. За споредба овој данок во јуни имаше пад од 7,5%, во април 43, во мај за 33%. Увозните давачки се зголемени за 18,3%. Помала наплата има кај данок на добивка и кај акцизите. Придонесите забележуваат раст од 11,9% во однос на истиот месец лани.

Раст бележат и расходите од буџетот за 11,6% на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против коронавирусот кризата. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од коронавирусот.

Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Очекувањата се дека во третиот и четвриот квартал од годината постепеното опоравување на домашната економија и заживување на економската активност ќе продолжи со засилено темпо – вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Од стартот на годината расте и долгот. Опозицијата вчера обвини дека за три месеци долгот е зголемен за една милијарда евра и сега јавниот долг изнесува 59,5% од БДП, а државниот 50,7%. Пресметките покажуваат дека долгот секој ден расте по 12,2 милиони евра или секој жител на земјава дневно е задолжен со нови 6 евра.