Раст на цените на струјата и на гасот во Словенија од 1 декември

Најголемата словенечка енергетска компанија Петрол најави дека значително ќе ги зголеми цените на електричната енергија и природниот гас.

Компанијата наведе дека од 1 декември цената на електричната енергија ќе се зголеми за околу 30 проценти, додека цената на природниот гас ќе се зголеми за 12 отсто.

Петролот снабдува речиси една четвртина од потрошувачите на електрична енергија во Словенија.

Изминатиот период е забележан и раст на цената на горивата на бензиските пумпи во Словенија.

Цената на литар бензин на бензиските пумпи надвор од автопатската мрежа се движи од 1,267 до 1,286 евра, а дизел горивото од 1,307 до 1,338 евра, што значи дека резервоарот од 50 литри чини околу две евра повеќе од претходната цена.