Раст на европските и азиските берзи, тргувањето внимателно

На европските берзи цените на акциите благо пораснаа во вторник претпладнето, втор ден со ред, но тргувањето се одвива претпазливо, бидејќи инвеститорите ги очекуваат новите деловни извештаи од компаниите и новите економски показатели.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,3 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс претпладнево зајакна за 0,22 отсто, на 7.505 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,15 отсто, на 16.708 поени, а париски CAC за 0,11 отсто, на 7.420 поени.

Меѓу најголемите добитници претпладнево се акциите на рударските компании, бидејќи благодарение на медиумските извештаи за нови стимулативни мерки во Кина, цените на суровините пораснаа. Сепак, тргувањето е претпазливо бидејќи инвеститорите ги очекуваат деловните извештаи на европските компании и новите економски показатели од еврозоната.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, порасна за 0,9 отсто во истиот дневен преск како и во Европа враќајќи дел од загубите од претходните денови. Претпладнево на токиската берза индексот Nikkei падна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,5 и 2,6 отсто.

Силниот раст на цените на акциите во Хонгконг е благодарение на надежите на инвеститорите за нови стимулативни мерки, со оглед на бавниот раст на кинеската економија, но и на корекцијата на цените по остриот пад во претходните денови.

По силниот раст од претходните денови, претпладнево јапонскиот Nikkie индекс благо се лизна од највисоките нивоа во последните 34 години.