Раст на прометот на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

39

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи номинален раст за 13,2 отсто, а реален за 9,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Прометот на трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, има номинално раст од 8,6 отсто, а реално за пет отсто, кај трговијата на мало, освен трговија со гориво номинално за 10,8 отсто, а реално за 8,1 отсто и трговијата на мало со автомобилски горива има номинално раст за 4,8 отсто, за 5,8 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.