Раст на смртноста за 24 отсто годинава во Шпанија

Смртноста во Шпанија од почетокот на годинава се зголемила за речиси четвртина во однос на истиот периот минатата 2019 година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика (INE) објавени во средата.

„За 21 седмица од 2020 година, заклучно со 24-ти мај, биле регистрани 226.930 смртни случаи, што е за 24,1 отсто, или за 43.954 повеќе отколку во истиот периот во 2019 година“, се наведува во извештајот на INE во кој не се наведуваат причините за смртните случаи.

Според министерството за здравство, досега во епидемијата од коронавирусот починале 27.128 лица кај кои е дијагнозата за Covid-19 била потврдена со PCR-тестови. Така, речиси 17.000 смртни случаи официјално не се поврзани со коронавирусот.

Повеќето смртни случаи се регистрирани кон крајот на март и почетокот на април, среде разгорувањето на епидемијата во земјата. За само една седмица, од 30-ти март до 5-ти апри, починале 20.575 луѓе што е дури 154,6 отсто отколку во таа само една седмица една година претходно. Најголем раст на смртноста е забележан кај лицата над 90 години, или 60.032 лица од почетокот на годината, што е за 27 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Претходно системот за мониторинг на смртноста (МоМо) при Институтот за здравство Карлос Трети објави слични бројки. Според овие податоци, од 13-ти март до 22-ми мај во Шпанија биле регистрирани 120.851 смртен случај севкупно, додека очекуваната стапка на смртност за истиот период е 77.817 лица. Со тоа разликата меѓу очекувата стапка на смртност и забележаните смртни случаи во посочениот периот е 43.034 лица.

Директорот на шпанскиот координативен центар за предупредување и координација на вонредни состојби, Фернандо Симон, податоците кои ги објавија INE и МоМо ги оцени како „веродостојни“. Притоа призна дека меѓу речиси 17.000 смртни исходи кои не се сметаат како жртви на Covid-19, бидејќи кај починатите и пациентит не бил спроведе PCR тест, навистина можеби имало случаи како последица на епидемијата.

Симон, исто така, спомена и други можни причини за зголемената смртност, како грипот, ненавремена помош поради преоптоварениот здравствен систем или нејавувањето на лекар поради страв од можна зараза со коронавирусот.

„Постои дел од смртните случаи кај кои ние сега не можеме да утврдиме што ја предизвикало смртта. Тоа ќе можеме да го оцениме кога по неклку месеци ќе ни го овозможат медицинските извештаи за причината за смртта и ќе можеме да добиеме многу подетална статистика“, рече Симон на прес-конференцијата во Мадрид.

Шпанија е една од најзагрозените земји на светот во пандемијата на коронавирусот. Од почетокот на ширењето на заразата во земјата регистрирани се речиси 240.000 случаи на зараза. Официјално потврдени се 27.128 смртни случаи како последица од заболувањето со респираторната болест Covid-19. Од средината март земјата беше во вонредна состојба на високо ниво, мерки кои им овозможија на властите да го ограничат движењето на жителите ширум земјата, од кои некои се задежани и по постпеното олабавување.