Растат каматите на кредитите

Каматните стапки кај банките растат. Тоа е очекувано со оглед на растот на основната каматна стапка од страна на Народната банка, која, пак, го диктира растот на каматите и на депозитите.

Според пресметките на Народна банка, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во декември 2022 година изнесувала 4,83 проценти, додека во декември 2021 просекот бил 3,61 проценти.

Кај компаниите  за една година каматните стапки на новоодобрените кредити се зголемиле од 3,22 проценти на 5,02 проценти. Кај домаќинствата растот е од 4,34 на 4,38 проценти.

Денеска Европската централна банка ќе соопшти дали и за колку повторно ќе се зголемат референтните каматни стапки. Имајќи предвид дека економските прогнози не беа премногу оптимистички во последните денови, предвидувањата се дека каматните стапки ќе се зголемат до 0,5 процентни поени и дека тоа нема да биде последното зголемување.