Растат корона-бројките во Србија, изостануваат построгите мерки

Показателите во епидемијата на коронавирусот во Србија и натаму растат, но во петокот и покрај очекувањата на дел од јавноста повторно изостануваат построгите епидемиолошки мерки на кои инсистираа лекарите и медицинскиот дел од Кризниот штаб, па наместо предложеното двоседмично затворање делумните реструктивни мерки ќа важат само во текот на викендот.

Според официјалните податоци на српското министерство за здравство, коронавирусот во последните 24 часа однел уште 26 животи, со што вкупно досега од почетокот на епидемијата во Србија има 4.670 починати.

Во ковид-болниците во петокот се згрижени 4.408 пациенти, од кои на респиратори се 208, а од 16.831 примерот биле позитивини 4.668 биле позитивни. И натаму најмногу новозаразени има во главниот град Белград – 1.397, а Ниш денекса има најголем број новозаразени од почетокот на новиот бран на коронавирусот – 334. Следат Нови Сад со 213, Крагуевац со 144, Краљево со 115, Врање со 109, а другите градови се со двоцифрен број новозаразени.

Очекуваното затворање од најмалку една седмица, иако медицинскиот дел од Кризниот штаб бараше и двомесечен „локдаун“ повторно изостана, па според мерките коишто во петокот попладнето го објави владата, на сила ќе бидат само во текот на викендот со забрана за работа на продавниците и угостителските објекти, која на сила стапува во петокот во 21 часот и ќе важи до понеделникот до 6 часот наутро.

Исклучок се продавниците за прехранбени продукти, аптеките и точењето горива на бензинските црпки, како и поедини услужни дејности кои не подразбираат контакти на повеќе лица.

Дополнитела рестриктивна мерка е што наставата ќе се одвива од дома, освен во средните училиште кои така функционираат веќе една седмица, а од понеделникот ќе важи и за повисоките класови на основните училишта.

Српските здравствени власти истакнале дека досега се аплицирани повеќе од 1,8 милиони дози од вакцината против коронавирусот, а од нив речиси 700.000 граѓани ја примиле и втората доза.