Расте бројот на ковид случаи, Комисијата потсетува на обврската за носење маски

Комисијата за Заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19. Во однос од минатата недела зголемувањето изнесува 65.8 отсто.

„Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз“, велат од таму.

Дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општи мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска , одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки, соопштија од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.