Расте бројот на невработени на југоистокот на Македонија

27

Пандемијата со корона вирусот значително го зголеми бројот на невработени во општините во Југоистокот на Македонија. Според агенциите за вработување во сите центри во југоистокот пораснал борјот на активни баратели на работа како резултат на загубени работни места или затварања на дел од фирмите.

Само од март до август голем раст на невработеност има во сите центи за вработување во сите општини во Југоистокот од земјата. Граѓаните ги губат работните места според податоците од агенцијата за вработување.

Најмногу новопријавени невработени лица и активни баратели на работа од март до август има пријавено во центрите во Гевгелија и Валандово. Во Гевгелија бројката е зголемена за 761 лице а во Валандово за 407 што претставува зголемување за 79 проценти во овие две општини. Во Струмица бројот на невработени е зголемен за 1640 лица што е за 36 отсто повеќе за август во однос на март. Во Радовиш бројот на невработрени е зголемен за 539 лица или зголемување од 25 проценти за август во однос на март.

Во очекување на поддршката од четвртиот пакет мерки загуби и понатаму трпат фирмите од услужниот сектор, меѓу кои и туристичките агенции кои се многубројни на југоистокот и се на прагот на целосно затварање заради драстичниот пад на обемот на работа.

„Никогаш не било вака, значи ние туристичките агенции сме на работ на егзистенција. Со оглед на фактот дека неколку месеци имавме затворени граници а со тоа и затворени агенции, со оглед на фактот дека неколку месеци не остваруваме баш никаков профит а расходите си течат, останавме заборавени од државата и почнавме да размислуваме да го намалиме бројот на вработени‘‘, вели туристичкиот работник Маријана Коцева за телевизија 24.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.