Расте бројот на починати и новозаразени во Италија

Бројот на починати од коронавирус во Италија порасна денес за 65, што е благ раст во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 53, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Истовремено, бројот на заразени од Ковид-19  изнесува 280, што е пораст во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 197.

Вкупниот број на починати сега изнесува 33.964, што е четврт најголем број на светот после САД, Бразил и Велика Британија.

Што се однесува до вкупниот број на случаи сега изнесува 235.278, што е седми најголем број на светот после САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.

Во северниот дел Ломбардија, која беше највеќе погодена забележани се 194 од 280 нови случаи.

На одделението за интензивна нега се 283 пациенти, што е благ пад во однос на вчерашниот ден кога бројката беше 287 пациенти,

Од Корона вирус се излечија 166.584 пациенти, додека тестирани се 2.000.627 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.