Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините

Најмалку 43 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Спасувачките екипи денеска трагаа по 28 лица, а потрагата била затоа што се стемнило.

Невремето предизвика свлечишта, како и порои од кал и врнежи. Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени куќи каде беше исклучена струјата.

Меги, позната на Филипините по локалното име Агатон, е првата голема тропска бура што ја зафати земјата која годинава често беше жртва на природни катастрофи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.