Расте бројот на заразени од коронавирус во БиХ

Во Босна и Херцеговина во четвртокот потврдени се нови 215 случаи на зараза со корона вирусот, а петмина во изминатите 24 часа починале заради здравствени компликации предизвикани од заразата.

Од Заводот за јавно здравје соопштија дека се извршени 1860 тестирања од кои заразата е потврдена кај 110 лица од подрачјето на Федерацијата на БиХ и 105 од Република Српска.

Поединечно најголем број на новозаразени има во Сараево, каде се потврдени 30 нови случаи, 18 се од Бања Лука, а 14 од Зворник во источна Босна.

Со последните ажурирања вкупниот број на заразени во БиХ од појавата на коронавирусот сега е поголем од три илјади, а починати се 214.