Расте бројот на заразени од коронавирус во Куманово

38

Благо зголемување на бројот на хоспитализирани лица од Covid-19 бележи Кумановската болница изминативе денови, информираше во средата директорката на болницата, Снежана Захариева.

Во два пункта, вклучително и пациентите кои се лекуваат амбулантно има 50 хоспитализирани.

„Денешниот биланс е 50 хоспитализирани во вкупно два пункта, за разлика од пред две-три недели кога имавме видно намалување сега имаме благ пораст на заболени од Covid-19. Ќе апелирам да не се опуштаме и да ги почитуваме мерките затоа што последнава недела веќе има и пациенти со потешка клиничка слика“, изјави Захариева.

Не ја исклучува можност да има случаи на заболени од британскиот сој, иако, од официјалните институции нема регистрирано.

„Куманово е голем град, на таква позиција, во близина на гранични премини, верувам дека и кај нас е присутен“, додаде  Захариева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.