Расте бројот на заразени со коронавирус во Грција, до сега починале 17 лица

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција, достигна 695, откако денеска беше соопштен нов 71 случај, додека, пак, во изминатите 24 часа регистрирани се и два нови смртни случаи и бројот на жртвите се искачи на 17 лица.

Како што соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 114 лица, од кои 35 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 29 лица.