Расте бројот на заразени во Шпанија, посебно во Барселона

Во Шпанија се забележани нови 4.581 случај од коронавирус од минатиот петок, а жариште е Каталонија, особено Барселона.

Исто така, бројот на случаи се зголемува и во соседниот Арагон, соопшти денеска министерството за здравство.

Вкупниот број заразени изнесува 264.835, пренесе Си-ен-ен.

Минатата недела забележани се девет смртни случаи, а вкупниот број починати изнесува 28.422.

„Избивање на ќаришта во основа се поврзани со сезонските рабоници на фармите и во простории во кои заштитните мерки се релаксирани, како големи семејни настани и ноќни клубови“, рече министерот за здравство Салвадор Иља на конференција за новинарите.

Во Шпанија националните рестриктивни мерки се укинати на 21 јуни и сега 17 шпански регионални влади директно управуваат со ситуацијата.

Од тогаш, избија 201 жариште и бројот на новозаразени тројно се зголеми од крајот на јуни до средината на јули, изјави Марија Хозе Сиера, заменик-шеф на Центарот за итни здравствени служби на конференција за новинарите.

Најголемо жариште е Барселона, каде каталонските надлежни ги замолија граѓаните да останат дома освен во неопходни ситуации, но тоа не е задолжително.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.