Расте бројот на заразени во Тетово, не се почитуваат препораките на Владата

Во Тетово, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 17 лица. Од Институтот за јавно здравје велат дека вирусот се шири заради непочитување на препораките на Владата, за одржување социјална дистанцирање и собирање на граѓани пред банки, продавници и пазари. Од Институтот велат дека доколку граѓаните продолжат да ги игнорираат мерките, тие ќе бараат дополнителни мерки од владата.

 „Околу 138 лица се тестирани од страна на осомничени или имале контакти, а вкупно 96 лица се наоѓаат во куќна изолација, со одлука на здравствениот инспекторат. Тетово и нејзините граѓани за жал не ги почитуваат сите препораки на Владата и на Министерството за здравство, особено за социјално дистанцирјање и апелираме до граѓаните да ја одржат далечината и да останат дома. Бидејќи бројот продолжува да се зголемува и резултатот се должи на немањето дисциплина од граѓаните, и доколку ова продолжи, резултатот веројатно ќе биде уште полош од сега и Владата врз основа на нивните проценки може да преземе поригорозни мерки од овие сега“, вели Наим Скендери, ИЈЗ.

Во Тетово, уште еден полицаец е позитивен на коронавирус, додека 20 се во 14 дневна изолација.

„СВР Тетово веднаш ги презеде сите мерки со извршување на целосна дезинфекција на зградата и внатрешните простори на СВР. Сите колеги кои биле во директен или индиректен контакт со колегата биле контактирани, и биле принудени да останат изолирани во своите домови. Зборуваме за 20 колеги, кои направиле епидемиолошки анализи и во моментот сите се покажале како негативни, но се очекува да помине времето на инкубација“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Од друга страна, кризниот штаб на општина Тетово, вели дека продолжува дезинфекцијата, особено влезовите на зградите, институциите каде што повеќе луѓе се собираат и на улиците. По зголемувањето на бројот на заразени лица, општина Тетово пред неколку дена изјави дека не ја исклучува можноста за построги мерки, со цел заштита од ширењето на вирусот.