Расте бројот на зарази со коронавирусот, нови 74 случаи и двајца починати

Во последните 24 часа со направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на коронавируснната болест Covid-19, а како последици од компликациите починале двајца пацеинти, соопшти во петокот Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Главниот град Скопје има најмногу регистрирани нови коронаинфекции – 16, а веднаш го следи Тетово со 15 коронаинфекции, Куманово има 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово – по 1.

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.

Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево, двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови.

Од почетокот на епидемијата во Македонија, во февруари 2020 година, досега регистрирани 156.299 случаи на зараза со коронавирусот SARS-CoV-2, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 456.