Расте бројот на жртви: Најмалку 146 загинати во стампедо во Сеул

Најмалку 146 луѓе ги загубија животите и над 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Засега не е позната причината за стампедото, откако претходно беше објавено дека повеќе од 150.000 луѓе присуствуваа на прославата на Ноќта на вештерките која се одржуваше по главните улици на јужнокорејската престолнина.

Надлежните стравуваат дека билансот на жртви би можел да се зголеми во наредните часови.