Бројот на починати во катастрофалните поплави во западна Германија и во Белгија се зголеми на 168.
Во најголемата природна катастрофа во Германија во изминатите 50 години загинале 141 лице, од кои 98 во реон јужно од Келн, според податоците од полицијата.
Стотици луѓе сè уште се водат за исчезнати или недостапни, со оглед на тоа дека уште неколку подрачја се недостапни поради високиот водостој, а во некои места сè уште се прекинати комуникациите.
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ја посета на Северна Рајна Вестфалија, каде загинаа најмалку 43 луѓе.
-Тагуваме со оние кои ги загубија пријателите, и членови на семејствата – изјавил претседателот.
Откако попушти браната во градот Васенберг кај Келн, евакуирани се околу 700 жители.
Браната во западна Германија, сè уште постои опасност да напукне поради што се евакуирани 4.500 жители од куќите низводно од браната.
Штајнамер изјавил дека ќе бидат потребни недели за да се утврди целосната штета, за чија санација ќе требаат неколку милијарди евра од фондовите за обнова.
Расте бројот на починати и во Белгија
Во Белгија бројот на загинати пораснал на 27, според националниот центар за катастрофи кој ја координира операцијата на спасување.
Според Центарот, уште 103 лица се исчезнати или недостапни. Со некои најверојатно не може да се контактира бидејќи не можат да ги наполнат мобилните телефони или се наоѓаат во болници без лични документи, велат од Центарот.
Холандија сè уште во вонредна состојба
Холандските служби за вонредна состојба исто така се во состојба на висока подготвеност бидејќи надојдените реки сè уште се закана за градовите и селата во покраината Лимбург.
Холандија досега избегна катастрофа како што ја погодија соседните земји и нема информации за загинати.