Расте бројот на жртвите во историските поплави во источна Австралија

Бројот на загинатите во историските поплави коишто го погодија источниот брег на Австралија се зголемил на најмалку 13 во средата.

Австралиските власти соопштија дека најмалку девет луѓе загинале во Квинсленд, додека потврдена е смртта на четири лица во Нов Јужен Велс. И натаму се предвидуваат силни бури со грмежи во двете сојузни држави, додека Сиднеј, исто така, се подготвува за можни „опасни по живот“ поплави.

„Утре рано утрото и во текот на денот ќе пристигна неколку силни бури со грмотевици, опасни ветрови, а можен е и град“, предупреди во средата Дин Нарамор од метеоролошката служна, пренесува AAP.

„Имаме авиони кои пружаат помош и спасување, додека персоналот на терен прави сѐ што е можно. Поплавите се можни по должината на нашиот брег. Итните служби ги посетуваат домаќинствата во загрозените заедници. Ве молиме да ги следите нивните совети“, изјави Доминик Перотет, премиер на Нов Јужен Велс.

Противпожараната и спасувачките служби во оваа австралиска сојузна држава соопштија дека продолжуваат со решавањето на проблемите кои се предизвикани од поплавите какви што се случваат „еднаш во илјада години“.