Шпанија, Холандија и Португалија во четвртокот објавија дека ќе ја ограничат употребата на вакцината против Covid-19 на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ за повозрасните од 60 години, откако регулаторните тела регистрирале поврзаност на оваа вакцина со случаи на згрутчување на крвта кај млади лица.
Шпанија соопшти дека продолжува со употреба на вакцината на „AstraZeneca“ за лица од 60 до 65 години,а потоа следи вакцинирањеро на другите приоритетни групи од 66 до 69-годишна возраст.
„Луѓето помлади од 60 години ќе примаат друга вакцина“, соопшти владата во Мадрди,.
Но пред споменатата вакцина да стане проблематична според случаите на создавање тромбози, во Шпанија првата доза до „AstraZeneca“ веќе ја примиле луѓе во клучните дејности од 18 години до повеќе од 65 години. Министерството за здравство допрва ќе одлучува дали на овие групи ќе им ја даде и втората доза од оваа вакцина.
Холандската влада, исто така, ќе го ограничи вакцинирањето со „AstraZeneca“ на повозрасните од 60 години, потврди министерот за здравтво Уго де Јонге.
„Повозрасните од 60 години, родени во 1960-та или порано, можат сигурно да продолжат со вакцинирањето со AstraZeneca, Помладите од 60 години ќе ја примат втората вакцина“, изјави де Јонге.
Португалија во четвртокот привремено го супсендираше користењето на вакцината „AstraZeneca“ за помладите од 60 години. Координаторот на работната владина група за вакцинирање Енрике Мело порача дека оваа одлука „многу малку ќе влијае на севкупната програма за вакцинирање“.
Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата објави дека располага со известувања за 169 случаи на нарушување со создавање згрутчувања на 34 милиони дадени дози од вакцината на „AstraZeneca“, односно еден случај на 100.000 вакцинирани кои се помлади од 60 години. Повеќето од овие случаи се забележано кај жени помлади од 60 години и во рамките на две седмици од вакцинирањето. Но не се коментираат десетиците смртни исходи пријавени во Европа по вакцинирањето со овој препарат против коронавирусот.