Расте бројот на странски туристи во земјава

Државниот завод за статистика денеска објави дека 52.298 туристи ја посетиле Македонија во април, што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со тој месец лани.

Ноќевањата во овој месец се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727.

Зголемување има кај бројот на странски туристи за 30,9 проценти, а намалување се бележи кај бројот на домашни туристи за 5,2 отсто. И ноќевањата на странските туристи се зголемени за 22,2 проценти, а на домашните туристи намалени за 5,1 процент.

Во периодот јануари – април за 8,7 проценти е зголемен бројот на туристи и за 2,8 отсто бројот на ноќевањата. Зголемување има кај бројот на странските туристи, а намалување кај домашните туристи.