Расте бројот на загинати во Австрија, лавината затрупа еден тинејџер

Расте бројот на загинати во снежните лавини во Австрија. Повеќе од 40 места ширум земјата се означени како кризни зони. На терен се околу 1.200 војници, пренесува магазинот OE24.

Во четири сојузни држави прогласена е највисока стапка на опасност од лавина. Синоќа после пладне настрада и осмата жртва, 16 годишно момче кое било затрупано во Свети Антон ам Алберг.

На скијачкото подрачје Вилдкогел спасувачите од лавините извлекле тројца млади сноубордери, девојка и две момчиња. Тие поминале без повреди, а неколку луѓе се сметаат за исчезнати и спасувачите трагаат по нив.

Прогнозите за сојузните држави Воралберг, Тирол, Салцбург, Горна Австрија и Штаерск не се добри, до понеделник се очекува и до 300 центиметри нов снег.

Во сабота и недела Свети Антон требаше да ги угости најдобрите светски скијачи во брзи дисциплини, но саботниот спуст и неделниот велеслалом се откажани поради опасност од снежни лавини, екстремни количини на нов снег и лошите временски прогнози за викендот.

Според прогнозите, ниту во Германија снегот нема да престане да паѓа до петок. Во Баварските Алпи властите прогласиле опасност од лавина. Во деловите на Саск, луѓето останале без струја, додека на подрачјето на Рудна Гора неколку места се отсечени.

Бројни училишта на југот на Баварија се затворени. Во близина на градот Ансбах, училиштен автобус излета од улицата и повреди 12 деца. Во округот Мисбах возовите се откажани, додека на автопатот до Минхен се создаваат големи колони.