Бројката на загинати во два бомбашки напади во Волгоград се искачи на 33 лица, соопштија руските власти.
Според министерството за вонредни ситуации една жртва од нападот на железничката станица им подлегнала на повредите, како и уште една од експлозијата во тролејбусот.
Во моментов 65 лица со повреди се хоспитализирани.
Погребот на некои од жртвите ќе се одржи утре.
САД и понудија на Русија поблиска соработка околу безбедносните подготовки за зимските олимписки игри во Сочи. Руското министерство за надворешни работи нападите ги обвини исламските милитанти од Северен Кавказ.
Вчера во Русија владееше општа паника.
„Ова е паника, не сме имале нови инциденти. На објавените телефони сепак постојано ни ѕвонат луѓе и прашуваат што се случува и каде се новите експлозии“, тврди Светлана Смолјанинова, претставник на Министерството за внатрешни работи за волгоградската област.
Според неа луѓето во градот се во многу лоша ментална состојба, се плаши дури и да излегуваат на улица. Има и многу такви кои одат на работа пеш, плашејќи се да се качат во градски транспорт.