Расте бројот на жртвите во Кенија, досега пронајдени 45 мртви

Повеќе од 45 лица се убиени во синоќешниот напад на тероистичката група, веројатно Ал Шабаб во Мпекетони, Кенија, соопшти Црвениот крст.

Ова е новиот биланс на жртви кои се пронајдени, откако утрово кенијаската полиција информира дека 27 се мртви, 25 повредени, но и дека има и такви кои се водат за исчезнати.

Од полицијата додаваат дека и оваа бројка не е конечна.

Нападот се случи синоќа кога дваесетина терористи извршија напад врз два хотели, полициска станица и банка.