Расте бројот на жртви од ураганот „Мајкл“

Ураганот „Мајкл“ уби најмалку 16 лица во Флорида, а најмногу во крајбрежната област што е погодена, соопштија денеска официјални лица. Тоа е дополнителен број на најмалку десет загинати на југот на САД, во Вирџинија, Џорџија и Северна Каролина, пренесува АП.

Како што се наведува, тоа е најсилниот ураган во последните 50 години што ја погоди тој дел од САД, а се трага по жртви цела недела. Претставниците на итните служби рекоа дека 12 жртви биле во округот Беј, каде што брзината на ветерот достигна 250 километри на час.

Околу 137.000 жители на Флорида, од Мексиканскиот залив до Џорџија, остана без струја, а во меѓувреме службениците успеале да воспостават телефонски врски.

Шефот на спасителскиот тим, Метју Нарчети, изјави дека очекува дека бројот на жртвите да расте, пренесува Ројтерс.

На секој човек со кој се воспоставивме контакт, доаѓаат тројца со кои не успеавме, изјави Нарчети и додаде дека не се во контакт со околу 1.135 лица.

Тој рече дека вистинскиот број на исчезнати не се знае, но повеќето се од Панама Сити, но  дека многу од нив се постари, немоќни или живеат сами.