Расте потрошувачката на кокаин и производството на дроги во Европа

516

Консумирањето на кокаин во Европа расте, а на континентот се шири и производството на други дроги, се предупредува во извештајот на телото на Европската унија за надзор над дрогите, објавен во четвртокот.

Кокаинот барем еднаш во животот го пробале околу 17 милиони возрасни жители на Европа, вклучително и 2,3 милиони млади коишто го консумирале во текот на минатата 2017 година, се наведува во извештајот на Европскиот центар за надзор на дрогите и зависностите (EMCDDA).

Кокаинот во Европа достигнал истовремено и најголем степен на чистота во последната деценија, открива директорот на оваа агенција, Алексис Госдел.

„Европа сега ги преживува последиците на поголемото производство на кокаин во Латинска Америка“, вели додавајќи дека анализата на отпадните води во 31 град ширум Европа покажува дека употребувањето кокаин секоја година расте во 26 од овие тие градови.

Забележан е и поголем број лаборатории коишто произведуваат синтетички дроги како што е MDMA, се наведува во извештајот кој се темели на податоците од 2016 година. Иако во Европа е забележан помал број нови супстанции, оние коишто се откриени се „ сé посилни и оттаму поопасни“, истакна комесарот на Европската комисија за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулус.

Канабисот и натаму е најкористената илегална дрога во Европа, а околу 1 отсто од Европејците ја користат речиси секојдневно, открива агенцијата. Во текот на животот канабисот го консумирале околу 87,6 милиони жители на Европа.

Натамошна закана за Европа во оваа сфера претставува и сé позачестената легализација на ова растение во деловите на двете Америки, од коишто последната промена на законот во Канада е онаа којашто се очекува во четврток, се наведува во извештајот на EMCDDA.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.