Расте притисокот врз Лашет меѓу демохристијаните

Два дена по парламентарните избори и историскиот пораз на демохристијанската унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), расте притисокот врз ткн „шпицен“ односно канцеларски кандидат и претседател на CDU, Армин Лашет, да се откаже од својата амбиции да состави влада, а сѐ погласни се и оние кои ја бараат неговата оставка и нов почеток на партијата.

„Ние сега би требало понизно и со уважување да ја прифатиме волјата на избирачите кои избрале промена“, изјави челникот на CDU за сојузната покраина за Долна Саксонија, Бернд Алтусман за јавниот сервис ARD.

Со оваа изјава Алтусман се придружи на сѐ поголемиот број истакнати членови на CDU кои бараат замунување во опозиција по 16 години на власт и „нов почеток“.

„Ние ги загубивме изборите. Сега Социјалдемократската партија (SPD), Зелените и либералите (FDP) треба да се обидат да ја состават новата влада“, изјави претседателот на подмладокот на CDU, Тилман Кубан.

И членот на претседателството на CDU и премиер на сојузната покраина Хесен, Фолкер Буфие, мисли дека Унијата не добила одобрувње на гласачите да ја составува новата германска влада.

Но канцеларскиот кандидат на CDU на овие избори, кој и ја води партијата, по неколкуте куси мандати на негови сопаријки, Армин Лашет и натаму е упорен на тоа Унијата CDU/CSU, и покрај рекордното губење на гласови од 8,9 отсто и историски најлошиот изборен резулата на некои сојузни избори со освоени само 24,1 отсто, да се оди во раговори со Либерално-демократската партија (FDP) и со Зелените за создавање на ткн „Јамајка колиција“, според партиските бои. Со тоа Лашет отстапува од вообичаената практика, според којашто партијата која ќе освои најмногу гласови има предност при обидот за формирање владина коалиција.

Членот на претседателството на CDU, Норберт Ретген во разговрпоот за дневниот весник Kölner Stadt-Anzeiger повика на кадровско обновување на партијата,

„На целата партија мора да ѝ биде јасно дека сега следува обнова. CDU е во егзистенцијална криза“, вели Ретген.

Претседателот на CDU за градот-сојузна покраина Хамбург, Кристог Плос се залага за што поскори кадровски промени во врвот на партијата,

„Нам ни е неопходно кадровско обвновување. Ние имаме многу квалитетни млади членови кои сега би требало да дојдат во првите редови“, вели Плос.

Меѓу оние кои бараат Лашет што побрзо да ја преземе одговорноста за слабиот резултат на парламентарните избори е и актуиелниот министер за стопанство, Петер Алтмаер.

„Потребно ни е што поскоро престројување, како во кадровска, така и во програмска смисла. Ние мораме да ја почитуваме пораката од избирачите“, изјави Алтмаер кој претходно неколку месеци отворено го поддржува претседателот на CSU, Маркус Зедер да биде канцеларски кандидат на Унијата, а не својот партиски лидер Лашет.

Германските социјалдемократите, кои на изборите во неделата освоија најмногу гласови 25,7 отсто, најавија дека уште оваа седмица сакаат да ги започнат преговорите со либералите и зелените за создавање на „Семафор коалицијата“. Либералите и Зелените, пак, општија дека прво меѓусебно ќе дискутираат пред да влезат во преговори со една од двете голему партии којашто би можела да биде поголем партнер во идната влада, иако од врвот на либералите уште по соопштувањето на излезните анкети најавија дека би сакале повеќе да коалицираат со демохристијаните.