32.3 C
Skopje
вторник, август 20, 2019

„Растеме заедно“ – Да ја зголемиме свесноста за аутизмот (ВИДЕО)

53

Со цел покревање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со бројни македонски уметници, ја создадоа песната„Растеме заедно“.

Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури Влатко Георгиев, виолина Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски Принц.

Учесници се (редоследно како во песната): Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски. 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.