Растот на БДП од 13% нема да го надомести падот од минатата година од 15%

Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто-домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15%.

Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15% од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9%.

Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика.

Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.